Индиец примил 12 дози од вакцината против Ковид и сака уште

пред 2 години

Маж од Индија тврди дека примил 12 дози вакцина против Ковид и вели дека верува оти тие дози му помогнале против болките во грбот, како и други здравствени проблеми, пишуваат повеќе медиуми.

Пензионираниот поштар Брамдео Мандал од индиската држава Бихар рече дека девет пати примил доза на начин што се регистрирал со помош на лична карта, а дополнителни дози успеал да добие преку мобилниот телефон на сопругата, објави „USA Today“.

Тој за Њујорк Тајмс изјави дека има 85 години и првата доза ја примил во февруари минатата година.

„Верувам дека тоа ми помага за општото здравје. Болките во грбот ми се намалија, добив сила, а апетитот ми се подобри. Постојано барав центри за вакцинација и одев таму, а никој не ме препозна“, изјави Мандал.

Засега нема докази дека дополнителните дози на вакцини против коронавирус придонесуваат за општата здравствена состојба која не е поврзана со коронавирусот, а Мандал рече дека сака да продолжи да се вакцинира.

Share
Scroll to Top