Итни мерки по експлозијата што ја оштети инфраструктурата на каналот Ибар-Лепенец во Зубин Поток (ВИДЕО)

Итни мерки по експлозијата што ја оштети инфраструктурата на каналот Ибар-Лепенец во Зубин Поток (ВИДЕО)

пред 5 дена

Косовскиот совет за безбедност презеде итни мерки по експлозијата што ја оштети инфраструктурата на каналот Ибар-Лепенец во Зубин Поток. Сомнежите на надлежните се дека станува збор за напад кој предизвика значителна штета, загрозувајќи го снабдување со вода и електрична енергија. Не се пријавени жртви.

Владата на Косово ги координираше напорите за обновување на снабдувањето, со што се обезбеди стабилно снабдување со електрична енергија, а водоснабдувањето беше заменето со вода од други извори.

Косовскиот премиер Албин Курти ја обвини Србија за нападот, додека Белград се уште не се огласил на тврдењата на Курти.

Експлозијата што се случи во петокот вечерта, предизвика сериозна штета на каналот Ибар-Лепенец, кој е клучен за снабдувањето со вода и електрична енергија во Косово.

Каналот обезбедува вода за пиење за северот на Косово, Приштина и околината, како и за термоелектраните во Обилиќ, кои користат вода од акумулацијата на езерото Газиводе за ладење.

Овој инцидент е трет напад во последните 72 часа на северот на Косово, каде што живее мнозинско српско население.

Слични напади претходно беа извршени врз полициски станици и општински згради во Звечан.

Косовската полиција ги засили безбедносните мерки, вклучувајќи и поголемо присуство на полициски службеници на терен, особено на северот од земјата.

Текстот Итни мерки по експлозијата што ја оштети инфраструктурата на каналот Ибар-Лепенец во Зубин Поток (ВИДЕО) е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top