Лајен: Договорот помеѓу Србија и Косово е добра вест за регионот

пред 3 години

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен го поздрави денешниот договор што Белград и Приштина го постигнаа во Брисел.

„ Ова е многу позитивен развој на ситуацијата по моите средби со претседателот Александар Вучиќ и премиерот Албин Курти. Ова е добра вест за целиот регион. Дијалогот мора да продолжи сега “, рече таа на својот профил на Твитер.

Таа, исто така, сподели твит и од специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, за постигнувањето договор и фотографија од самиот договор.

Share
Scroll to Top