Над 47 милиони заболени во светот, досега починале 1.207.785

пред 4 години

Во светот досега од коронавирус заболеа над 47 милиони луѓе или поточно 47.027.578, објавено е денеска на сајтот на „Ворлдометерс“.

Според податоците на сајтот, од ковид-19 починале вкупно 1.207.785, а оздравеле 33.879.161 лице.

Од вкупниот број заболени во моментот, еден процент или 85.752 се во критична состојба.

Најмногу заболени има во САД, Индија и Бразил, додека повеќе од еден милион заболени регистрирале и Русија, Франција, Шпанија, Аргентина, Колумбија и Велика Британија.

По бројот на смртни случаи, САД се исто така на првото место, а следат Бразил и Индија.

Во Европа, најмногу заразени има во Русија и Франција, а во регионот Романија и натаму е на првото место.

Share
Scroll to Top