Најмалку 67 лица загинаа во тајфунoт на Филипините

пред 8 месеци

Тајфонот Вамко, кој силно ги погоди Филипините и предизвика најголеми поплави и свлечишта во последните неколку години, усмрти најмалку 67 лица, а 12 се водат за исчезнати.

Најголем број на смртни случаи се регистрирани во северниот регион на долината Кагајан, каде службите за итни случаи доставуваат помош по апелите од жителите и локалните власти.

Најсмртоносниот тајфун што ги погоди Филипините оваа година директно влијаеше на животот на повеќе од милион луѓе, а 370.000 од нив мораа да ги напуштат своите домови. Вамко, кој беше локално наречен Улисес (Одисеј), се упати кон Виетнам по Филипините.

Share

AnimeFreak animes online: Assassination Classroom (Dub) (https://animefreak.ws/m/0Jzz) Episode 22

AniWatch watch animes: One Piece Episode 969

Scroll to Top