На „темната мрежа“, доза вакцина чини до 750 долари

пред 4 години

Вакцини против коронавирус, ковид-пасоши и лажни негативни тестови се продаваат на „темната мрежа“, пишува „Би-би-си“.

Цената за доза вакцина на „Астразенека“, „спутник В“, „Синофарм“ и „Џонсон и Џонсон“ се движи од 500 до 750 долари, додека лажните сертификати за вакцинација се продаваат за 150 долари.

Истражувачите кои следат хакерски форуми и други продажни места од јануари, кога се појавија вакцините, велат дека е забележано големо зголемување на бројот на реклами поврзани со вакцините.

Тие тврдат дека бројот на реклами е тројно зголемен и дека сега има повеќе од 1.200.

Продавачи на вакцини има во САД, Шпанија, Германија, Франција и Русија, а истражувачите откриле дека огласите биле објавени на руски и англиски јазик.

Еден продавач ветува испорака за само еден ден, а некои за два купени негативни теста даваат еден тест гратис.

Даркнет, односно темната мрежа, е дел од интернетот кој е достапен само преку одредени алатки на прелистувачот.

Share
Scroll to Top