Невакцинирани здравствени работници создадоа две корона жаришта во Австралија

пред 4 години

Властите на австралиската држава Квинсленд објавија дека зголемениот број на новозаразени со британскиот сој на Ковид-19 во Бризбејн потекнува од „две различни жаришта“ и се шири од невакцинирани здравствени работници.

„Од вчера, пријавени се 15 нови случаи на локално пренесување на коронавирусот, вели главниот здравствен директор Жанет Јанг, додавајќи дека ситуацијата е загрижувачка.

Два нови случаи на зараза со британскиот вид се чини дека се поврзани со друго жариште и со еден лекар во болницата „Принцеза Александра“, кој е заразен од 9 март, пишува „Гардијан“.

Австралиската лекарска асоцијација и Федерацијата на австралиски медицински офицери ги објавија резултатите од истражувањето кое покажува дека 43% од здравствените работници во Квинсленд сè уште не ја примиле својата прва доза на вакцината.

Крис Пери, претседател на АМА за Квинсленд, рече дека е јасно дека за вакцинацијата треба време, но ги повика властите да ги забрзаат вакцинациите на лекарите и здравствените работници во болниците.

„Најмалку, секој здравствен работник што работи со пациенти заразени со Ковид-19, треба да се вакцинира и да има соодветна заштитна опрема“, рече Пери.

Share
Scroll to Top