Од 20 ноември во Турција стапуваат на сила построги мерки против коронавирусот

пред 4 години

Турција најави дека новите мерки за ограничување на работното време во рестораните и кафулињата и воведувањето делумен карантин за викендот ќе стапат во сила вечерта на 20 ноември, според изјавата на министерот за внатрешни работи.

Ресторани, кафулиња, трговски центри и фризерски салони ќе можат да работат од 7 до 17 часот, се вели во соопштението, додека рестораните и кафулињата ќе бидат отворени само за услуги за достава на храна.

Според новите забрани, кои стапуваат на сила од петок во 17 часот, киносалите ќе бидат затворени до крајот на годината. Владата соопшти дека ќе воведе поостри мерки против коронавирусот поради зголемувањето на случаите во последните неколку недели. Анкара во вторникот извести за 3.819 нови симптоматски случаи и 103 смртни случаи поврзани со Ковид-19 во земјата, со што вкупниот број на жртви достигна 11.704.

Делумен карантин, исто така, ќе биде воведен низ целата земја за време на викендот до ново известување, соопшти Министерството за внатрешни работи, додавајќи дека мерките нема да ги нарушат синџирите на снабдување и производство.

Share
Scroll to Top