Во новата размена на затвореници со Русија, ослободени се 76 Украинци, објави Киев, не прецизирајќи го бројот на Русите што и ги предал на Москва.
„Разменивме 60 војници, од кои 10 офицери. Шеснаесет цивили, исто така, се вратија дома“, се вели во телеграмата на украинската вицепремиерка Ирина Верешчук.
Ова, рече таа, е петта размена на затвореници од почетокот на руската инвазија на 24 февруари.
Во петокот, на 15 април, беа разменети затвореници во јужниот регион Керсон.
Ден претходно, 30 Украинци беа ослободени, а уште 26 претходно истиот месец.
На 1 април 86 украински војници беа разменети за руски затвореници.
Украинските безбедносни сили во понеделникот објавија видео од бизнисменот Виктор Медведчук, близок до Путин, барајќи тој да биде разменет за војници и цивили од опколениот Мариупол.
Истиот ден, руската телевизија емитуваше апели од двајца заробени Британци, Шон Пинер и Ејден Аслин, кои тврдеа дека биле заробени за време на борбите во Украина и го повикаа британскиот премиер Џонсон да се согласи да ги замени со Медведчук.