Откриен нов вид коронавирус на аеродром во Германија

пред 4 години

Во Германија е потврден нов вид на коронавирус, станува збор за примерок земен во центарот за тестирање на аеродромот во Берлин, каде што е пронајден видот Б.1.525.

Според соопштението на компанијата „Центогене“, специјализирана за дијагностицирање ретки болести, новата мутација е утврдена кај примерок од лице кое потекнува од германската провинција Саксонија.

Инаку Б.1.525 е сличен на британскиот вид Б.1.1.7, но како и јужноафриканскиот и бразилскиот, има мутација на шилестиот протеин.

Врз основа на сличноста со позаразниот вид, се претпоставува дека и новиот вид е позаразен од основниот вирус.

Б.1.525 веќе е докажан и во други земји како Данска, Италија, Нигерија, Норвешка, Канада, Велика Британија и САД, и сега за прв пат во Германија.

 

Share
Scroll to Top