Пентагон призна дека САД испраќале оружје во Украина долго пред војната

пред 2 години

САД ѝ доставија оружје на Украина долго пред почетокот на руската специјална воена операција, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби за „Фокс њуз“.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„ Администрацијата (претседателот) Џозеф Бајден испорача оружје долго пред инвазијата. Првата милијарда долари што претседателот ги издвои за Украина вклучуваше помош во смртоносно оружје… САД, Канада, Британија и другите сојузници всушност помогнаа во подготовката на Украинците“ истакна Кирби.

Минатата недела американскиот претседател најави испорака на дополнителна воена помош за Украина. Бајден потсети дека средствата што Конгресот ги издвоил за давање ваква помош се практично исцрпени.

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес вчера одобри дополнителен пакет помош за Украина во вредност од речиси 40 милијарди долари. Како што соопшти претходно американската администрација, за овие цели се издвоени најмалку 4,5 милијарди долари од почетокот на мандатот на Џозеф Бајден, од кои 3,8 милијарди долари од 24 февруари – почетокот на руската специјална воена операција.

Share
Scroll to Top