Писмо со закана за Пленковиќ: „Новичок е лек за предавниците“

пред 2 дена

Хрватскиот премиер и претседател на ХДЗ, Андреј Пленковиќ, добил коверт со бел прав во кој имало и порака со закана за смрт, потврди денес неговата.

Агенцијата „Хина“ неофицијално дознава дека текстот на пораката испратена до Пленковиќ, која била во коверт, завршувака со зборовите „а за предавниците, еден од лековите е и новичок“.

„Откако вработените во ХДЗ повикале полиција, тие го зеле пликот со сомнителна содржина, по што е започната истрага“, се вели во соопштението на ХДЗ.

Претходно денеска во Загреб, полицијата уапси и кривично пријави 48-годишен маж кој на 14. октомври објавил порака на „Фејсбук“, во која отворено му се заканувал на смрт на премиерот.

Денеска беше уапсен и 63-годишен маж кој живее во истото село со напаѓачот, Даниел Безук, кој во понеделникот пукаше во полицијата на плоштадот Свети Марко, по што се самоуби.

Полицијата утврдила дека 63-годишникот по нападот зборувал дека мета на Безук бил Пленковиќ и дека тој самиот размислувал да го убие.

Кај него било пронајдено и огнено оружје и експлозив.

Share
Scroll to Top