Повреден жител на Белград, трамвај го влечел неколку метри

пред 4 години

Едно лице е повредено денеска во несреќа што се случила на булеварот Крал Александар во Белград, кога трамвај повлекол постаро лице. Како што објави РТС, несреќата се случила околу 8.30 часот, кога постар човек излегол од трамвајот.

Торбата на патникот се фатила на вратата при излегувањето од травајот, тој не ја испуштил, па трамвајот го повлекол и го влечел околу десетина метри.85-годишниот патник бил повреден и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар.

Според РТС, засега не е познат степенот на неговите повреди.Сообраќајот е стопиран.Припадници на МВР и на сообраќајната полиција се на лице место, а истрагата е во тек.

Share
Scroll to Top