Роднините, пријателите и учениците денеска ја испратија на вечно почивање Елвира Игнатијева (26), наставничка по англиски јазик, која загина во вчерашниот напад врз училиште во Казан.
Децата со рози во рацете плачејќи одеа зад ковчегот на нивната омилена наставничка, која е погребана денес на градските гробишта.
Елвира го загуби животот заштитувајќи дете од разулавениот убиец, кој насилно влета во училиштето и започна да убива деца. Храбрата наставничка излегла во ходникот во моментот кога вооружениот Илназ Галјавиев го извадил оружјето и пукал во сите пред себе. Во последен момент успеала да го повлече детето и да го заштити со своето тело.
View this post on Instagram
Несреќната Елвира била погодена од смртоносен куршум и останала неподвижно да лежи во ходникот на училиштето, додека учениците панично скокале од прозорците за да ги спасат своите животи.
Во нападот на училиште во главниот град на Татарстан се убиени седум деца и двајца наставници. За нападот е осомничен поранешен ученик на училиштето, 19-годишниот Илназ, кој објавувал страшни пораки на социјалните мрежи пред нападот.
Тој влегол во гимназијата вооружен и со многу муниција во раните утрински часови и тешко го ранил чуварот. После тоа, тој се упатил во ходниците, пукајќи кон секоја личност што ја видел. Повеќе од 20 лица се повредени во нападот.