Прв случај на омикрон во Србија

пред 3 години

Новиот сој на коронавирус, омикрон, пристигна и во Србија.

Инфекцијата е потврдена кај жена која дошла од Боцвана. Таа била негативна при влезот во Србија.

„ Пациентот беше во изолација. Земени се контролни примероци и еден е позитивен“, објасни д-р Тања Јовановиќ.

Таа посочи дека нема причина за паника.

„ Ја следиме и контролираме ситуацијата“, рече Јовановиќ.

Пред Србија, омикрон беше регистриран во Хрватска, Црна Гора, Романија, Албанија.

Share
Scroll to Top