Прекин на социјалната мрежа Х, повеќе од 36.500 извештаи за прекини на платформата во САД

Прекин на социјалната мрежа Х, повеќе од 36.500 извештаи за прекини на платформата во САД

пред 2 години

Социјалната мрежа Х доцна синоќа доживеа прекини, со повеќе од 36.500 најавувања во САД, според сајтот за следење на прекини на интернетот Downdetector.com.

Веб-страницата, која ги следи прекините на интернет со собирање извештаи за статусот од неколку извори, вклучително и корисници, исто така објави повеќе од 3.300 извештаи за прекини во Канада и 1.600 во Велика Британија до 23:20 часот  минатата ноќ, објави Ројтерс.

Причината за прекинот сè уште е непозната, а компанијата X не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар за прекинот.

Текстот Прекин на социјалната мрежа Х, повеќе од 36.500 извештаи за прекини на платформата во САД е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top