Најмалку еден ученик е повреден во пукање во училиште во германскиот град Офенбург.
Осомничениот за пукањето е уапсен, а на терен се голем број полицајци, пишува „Билд“.
„Осомничениот е уапсен во рамките на голема акција во училиште во Офенбург. Станува збор за младо лице“, соопшти полицијата.
Ученик е осомничен дека со огнено оружје ранил соученик.
Над училиштето кружат четири хеликоптери.
„Учениците во моментот се во училниците заради нивна безбедност“, соопшти полицијата.
Според медиумите, еден ученик е повреден, а станува збор за специјално училиште за деца со тешкотии во учењето.
Текстот Пукање во училиште во Германија, има повредени е превземен од МАКФАКС.