Путин: Главна закана се националистите, кои користат терористички тактики под маската на населението

пред 3 години

Рускиот претседател Владимир Путин разговараше со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и го презентираше ставот на Русија за специјалната операција во Украина.

Рускиот претседател истакнал дека главната закана таму доаѓа од националистите кои користат терористички тактики под маската на населението.

Путин ја повика Европската унија да даде вистински придонес за спасување животи, притискајќи ги властите во Киев и принудувајќи ги да го почитуваат хуманитарното право.

Претседателот го оцени напредокот на преговорите со украинската страна и потсети на барањата на Русија.

Со претседателот на Европскиот совет, претходно разговараше и украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

Share
Scroll to Top