Рускиот претседател Владимир Путин денеска пред Советот на законодавци во Санкт Петербург зборуваше за војната во Украина.
Тој рече дека сите цели на „специјалната воена операција“ (како што официјална Москва ја нарекува инвазијата на Украинa) ќе бидат остварени.
Путин додаде дека специјалната воена операција ја гарантира безбедноста на жителите на Донбас и на Крим. Тој, исто така, испрати предупредување до западните земји, велејќи дека западните планови за економско уништување на Русија пропаднале.
Путин додаде и дека Русија брзо ќе им се одмазди на сите земји кои ќе се обидат да се вмешаат во конфликтот.