Радев: Мандатот ќе го врачам кога пратиите ќе бидат подготвени

пред 3 години

Денот на предавањето на мандатот за формирање на нова бугарска влада ќе биде познат кога партиите ќе гарантираат дека постигнале резултат во преговорите. Ова го објави претседателот Румен Радев за време на посетата на Велико Трново.

Инаку, националниот совет на Бугарската социјалистичка партија, денска оддржува состанок на кој ќе се разгледаат досегашните преговори со претставниците на победничката партија „Има таков народ“ и ќе се одлучи дали ќе продолжат разговорите за формирање на Влада.

Лидерката на БСП, Корнелија Нинова, по вчерашната средба со претставници од партијата на Слави Трифонов изјави дека двете партии имаат повеќе заеднички интереси, отколку разлики во ставовите.

Share
Scroll to Top