Реакција на Трамп откако „Твитер“ спречи да се споделува новинарска стoрија за Бајден

пред 9 месеци

Интернет гигантот „Твитер“ спречил корисниците да споделуваат или лајкуваат контроверзен напис на весникот „Њујорк Пост“ за кандидатот за претседател на Демократската партија Џо Бајден и неговиот син Хантер.

Корисниците кои се обиделе да ја споделат статијата на социјалната мрежа добиле предупредувачка порака дека нивното барање не може да се исполни „затоа што Твитер и партнерите го препознаваат линкот како потенцијално штетен“.

Предупредување добиле и корисници на „Твитер“ кои се обиделe да кликнат на линкот кој води до статијата.

Во написот се наведува дека синот на Бајден, Хантер, запознал украински бизнисмен со неговиот татко, додека тој како потпретседател ги водел американските односи со Украина, односно дека постариот Бајден ја прилагодувал својата дипломатија кон Киев за да им помогне на деловните интереси на неговиот син.

Се чини дека одлуката на „Твитер“ да ги спречи корисниците да ја споделуваат статијата е дел од напорите на компанијата да го ограничи ширењето на дезинформации на нејзината платформа пред претседателските избори во САД во ноември. „Фејсбук“ исто така најави дека ќе ја намали дистрибуцијата на статии додека не се провери точноста на фактите.

Претседателот Трамп вчера ја критикуваше одлуката на „Фејсбук“ и „Твитер“ да ја ограничат дистрибуцијата на сторијата на „Њујорк Пост“.

„Толку е страшно што ‘Фејсбук’ и ‘Твитер’ ја отстранија сторијата на ‘Њујорк Пост’ за eлектронската комуникација на заспаниот Џо Бајден и неговиот син Хантер. Тоа е само почеток за нив. Нема ништо полошо од корумпиран политичар“, напиша Трамп на „Твитер“.

 

Share

AnimeFreak animefreak chatango: My Hero Academia (Dub) (https://animefreak.ws/m/ZKoe) Episode 13

KissAnime animes online: Black Clover Episode 170

Scroll to Top