Рекордни отпуштања и невработеност во Велика Британија

пред 5 месеци

Отпуштањата и стапката на невработеност во Велика Британија достигнаа рекорд во текот на третиот квартал на 2020 година, според официјалните податоци.

Овие податоци покажуваат дека пазарот на трудот го забрза падот пред министерот за финансии Риши Сунак да донесе нови мерки за ублажување на последиците од Ковид-19, кои треба да обезбедат пресврт во овој тренд.

Бројот на отпуштања се зголеми за рекордни 181.000 за три месеци заклучно со септември, достигнувајќи историски врв од 314.000 работници, соопшти Националното биро за статистика (ОНС), пренесува „Ројтерс“.

Стапката на невработеност се зголеми, како што се очекуваше, на 4,8 проценти. Ова е највисока стапка на невработеност од ноември 2016 година, кога исто така беше забележано и нејзиното рекордно тримесечно ниво.

Share

KissAnime kissanimefree: Watch Death Note (Dub) Episode 29

4Anime 4anime hunter hunter: Watch My Hero Academia (Dub) Episode 10

Scroll to Top