Русија издаде потерница за предводничката на белоруската опозиција

пред 3 месеци

Името на белоруската опозициска лидерка Светлана Тихановскаја се појави на руска потерница. Руското Министерство за внатрешни работи издаде налог за 38-годишната жена кој побегна во Литванија откако го обвини долгогодишниот лидер Александар Лукашенко за лажирање на годинашните претседателски избори. Руската државна новинска агенција „РИА Новости“ објави дека Тихановскаја во Белорусија е обвинета за предизвикување нестабилност и обид за преземање на власта, пишува АФП. Од друга страна, Белорусија нема издадено потерница за Тихановскаја. Портпаролката на белоруското Министерство за внатрешни работи, Олга Чемоданова, изјавила дека засега нема информации што би можела да ги сподели. Соработници на Тихановскаја исто така ја коментираа потерницата. „Не знаеме за тоа. Светлана не доби никаква порака во врска со тоа. Но, нас всушност ова и не не интересира толку многу“, соопшти изборната канцеларија на Тихановскаја. Тихановскаја неодамна се состана со европските лидери, вклучувајќи ги францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел. Во Берлин таа рече дека не е на Путин да одлучува за судбината на нејзината земја, но додаде дека го поздравува неговото учество во медијацијата за време на политичката криза.

Share

anime heaven anime bleach anime heaven anime heaven anime

hunter hunter animeflix animeflix haikyuu one punch man animeflix

anime planet jojo diamond is unbreakable anime planet jojo part 5 bakemonogatari anime planet

Scroll to Top