Досега Москва се воздржуваше од напади на украински официјални лица, тврди Конашенков, но тоа ќе се промени доколку Киев продолжи со обиди за саботажа или конвенционални напади на руска територија.
– Видовме обиди за саботажа и напад на украинската армија на објекти на руска територија. Доколку продолжат таквите обиди, вооружените сили на Руската Федерација ќе ги нападнат центрите за одлучување, вклучително и Киев, од што досега се воздржувавме – изјави генерал-мајор Конашенков.
Тој тврди и дека од украинските борци е ослободено комерцијалното пристаниште во Мариупол, како и дека се ослободени заложниците кои наводно биле држени на бродови.