Американското министерство за правда повторно ќе ги отвори тајните владини документи за нападите на Ал Каеда на 11 септември 2001 година, со намера на јавноста да ѝ даде повеќе информации за настанот.
Овој потег следеше откако членовите на семејствата на речиси 3.000 жртви на нападите побараа поконкретна акција од претседателот.
Во пресрет на 20 -годишнината од нападот, членовите на семејствата на жртвите бараат претседателот Џо Бајден да ги декласифицира доверливите документи, за кои тие тврдат дека ќе покажат дека лидерите на Саудиска Арабија ги поддржале нападите.
Тие, заедно со преживеаните од нападите, во петокот објавија писмо во кое му порачаа на Бајден доколку не ги отвори документите да не доаѓа на одбележување на годишнината од нападот.
Членовите на семејствата на жртвите од 11 септември веќе долго време бараат документи од американската влада во врска со тоа дали Саудиска Арабија помогнала или финансирала некое од 19-те лица поврзани со Ал Каеда, кои ги извршија разорните напади.
На 11 септември 2001 година, припадници на Ал Каеда соборија три патнички авиони во два облакодери на Светскиот трговски центар и зградата на Пентагон во Вашингтон. Четвртиот авион, за кој се претпоставува дека бил насочен кон зградата на Капитол, удрил во поле во Пенсилванија.