Шпанските војници и политичари кои се вакцинирани против коронавирус, а не биле приоритетна група, се во центарот на јавен спор со сменување на одговорните за тоа.
Министерот за внатрешни работи синоќа смени еден потполковник, офицер за врски на Цивилната гарда во Генералштабот, рекол за АФП портпаролот на Министерството за војска. Тој е разрешен од должноста бидејќи се дознало дека вакцината ја примил преку ред, без приоритет, иако повеќе од еден милион дози на вакцини се наменети за медицинскиот персонал и за старите лица во старските домови.
Со оглед дека повеќе вработени од Генералштабот се вакцинирале, може да има повеќе смени, предупреди во петокот министерката за одбрана Маргарита Роблес, нагласувајќи дека чека извештај за тоа.
Политичарите од различни партии ја примија и првата доза на вакцината, без ниту тие да бидат во приоритетната група. Еден од нив, регионалниот советник за здравство во Мурсија, на југоистокот на Шпанија, Мануел Вилегас, беше принуден да си даде оставка поради тоа.
Хавиер Герерон, здравствен советник во шпанската енклава Сеута, на северот од Мароко, е во слична ситуација, но тој најави дека нема да поднесе оставка, тврдејќи дека не прекршил никаков протокол. Тој тврди дека не сакал да се вакцинира затоа што „не сака вакцини“, но на тоа се согласил на барање на неговите советници.
Радикалната левичарска партија Подемос, член на владејачката коалиција заедно со социјалистите, ја осуди „корупцијата“ при вакцинациите.
Шпанија е најпогодената земја од пандемијата меѓу европските земји, според повеќе од 55.000 мртви и скоро 2,5 милиони случаи, според официјалните податоци.
Слична полемика ја разбранува и Австрија, каде властите во вторникот најавија истрага за извештаите во печатот за градоначалници, монахињи, па дури и роднини на негуватели кои примиле вакцина без да бидат во приоритетната група за вакцинација.