Судовите ги отфрлија барањата на Трамп да запре броењето на гласовите

пред 1 година

Судовите во американските држави Мичиген и Џорџија ги отфрлија барањата на штабот на американскиот претседател Доналд Трамп да престанат да се бројат гласовите во тие држави.

Претставниците на кампањата на Трамп изјавија дека тие започнале судска постапка за прекинување на пребројувањето на гласовите со цел да им се овозможи подобар увид во обработката на податоците.

Боб Бауер, советник во кампањата на демократскиот кандидат и поранешен потпретседател Џо Бајден, смета дека барањето на Трамп служи само за испраќање порака.

„Нема друга цел освен да се збуни јавноста за тоа што се случува и да се поддржат нивните неосновани обвинувања за неправилности“, изјави Бауер.

Во Мичиген, сојузната држава што Трамп ја доби на изборите во 2016 година, се очекува победа на Бајден.

На национално ниво, Бајден се приближува до победа на неизвесните избори што се одржаа на 2 ноември, а чиј исход зависи од минималните разлики во неколку држави.

Share

https://animefreak1.com/. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

anime to watch AnimeFreak That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 Part 2

dubbed anime Rascal Does Not Dream of Bunny Girl Senpai

AnimeFreak Attack on Titan Season 3 (Dub)

watch anime free AnimeFreak Bleach

AnimeFreak Evangelion: 3.0+1.0 Thrice Upon a Time Episode Full

Scroll to Top