Украинскиот Генералштаб објави дека Русија продолжува со ракетните напади од границата со Белорусија.
Тие посочија дека руските сили од полноќ вршат ракетни и артилериски напади врз украинските населби.
„Окупаторите продолжуваат да го користат белорускиот воздушен простор за да извршат воздушни напади врз Украина“, се наведува од Генералштабот.
Од таму е соопштено и дека повеќе од 11.000 руски војници загинале од 24 февруари, со цел да се запре напредувањето на руските војници. Тие истакнаа дека руските сили претрпеле големи загуби на теренот.
Дополнително, додаваат дека биле неутрализирани 46 авиони, 68 хеликоптери, 290 тенкови, 999 оклопни возила, 117 артилериски системи, 454 возила, 60 цистерни со гориво и седум беспилотни летала.