Холандската влада положи заклетва по рекордни 299 дена од последните избори

пред 3 години

Четвртата влада на холандскиот премиер Марк Руте денеска положи заклетва по рекордни 299 дена од последните избори и една година откако неговата претходна администрација беше принудена да поднесе оставка.

Новата коалиција вети дарежливи средства за одржлива енергија, домување, грижа за деца и образование, но прво ќе треба да се справи со здравствената криза бидејќи сојот омикрон доведе до рекорден број на нови инфекции, пренесува Ројтерс.

Новата влада до петок ќе треба да одлучи дали ќе ги ублажи острите ограничувања и покрај бранот нови случаи на Ковид-19.

Иако коалицијата ја сочинуваат истите четири партии кои беа на чело на владата од 2017 година, беа потребни речиси 10 месеци за повторно обединување по неуспешните избори на 17 март 2020 година, поради сè помалата подготвеност за компромиси.

Share
Scroll to Top