Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен за директни разговори со рускиот претседател Владимир Путин, но дека не е подготвен на никакви компромиси, изјави за Си-Ен-Ен заменик-шефот на кабинетот на украинскиот претседател Игор Жовква.
Тој рече дека разговорите меѓу шефовите на дипломатиите на Украина и Русија, кои се одржаа вчера во Анталија, не постигнале поголеми резултати, а Украина од почетокот била песимистичка.
– Доброто е што се сретнаа, но за жал можеме да кажеме дека министерот за надворешни работи на Русија не е тој што ја носи конечната одлука. Конечната одлука за прекин на војната, прекин на огнот, повлекување на војниците ја носи само едно лице – објаснува Жовква.
Жовква рече дека Зеленски е подготвен за дипломатско решение, но не слушнал ниту од рускиот претседател ниту со неговите помошници.
– Последното нешто што го слушнав од нив е дека треба уште да работиме во формат на две делегации, но ниту договорите постигнати во текот на овие преговори не се почитуваат – рече Жовква, посочувајќи на хуманитарните коридори во Украина.
Жовква рече дека Украина е отворена за неутралност „освен ако НАТО во моментов не е подготвен да ја прифати Украина“.
– Но, во исто време ни требаат силни безбедносни гаранции за Украина за да не се повторат овие страшни војни, оваа страшна агресија во иднина – рече тој.
Жовква, исто така, тврди дека Украина сака да соработува со Путин и нејзините соседи за да воспостави систем што тој го нарече „обновениот безбедносен систем на Европа“.
– Мојата земја и украинскиот народ заслужуваат да станат дел од европското семејство. Украина се бори за безбедноста на цела Европа. Значи, кога францускиот претседател Емануел Макрон зборува за можна европска безбедност, како може да зборува без претседателот Зеленски на маса? Без претседателот Зеленски и Украина во Европската унија – праша Жовква.