Швајцарија ги укина речиси сите мерки – маските остануваат само во транспортот и здравствените установи

пред 3 години

Швајцарија ќе ги укине речиси сите рестриктивни мерки воведени поради коронавирусот, освен носењето заштитни маски во јавниот транспорт и здравствените установи, соопшти денеска владата на таа земја.

До крајот на март, мерката задолжителна изолација ќе остане на сила во период од пет дена за лицата кои се позитивни на корона вирусот, соопшти Владата.

Укинувањето на мерките ќе стапи на сила утре, кога влезот во продавниците, рестораните и установите од културно значење ќе биде отворен за граѓаните, без ограничувања, соопшти владата, пренесува Ројтерс.

– Епидемиолошката состојба продолжува да се развива во позитивна насока. „Благодарение на високото ниво на имунитет кај населението, малку е веројатно дека здравствениот систем ќе биде преоптоварен, и покрај сѐ уште високото ниво на циркулација на вируси“, се вели во соопштението на владата.

Повеќе од 90 отсто од швајцарските граѓани, од кои има 8,6 милиони, стекнале имунитет од коронавирусот, бидејќи или се опоравиле или биле вакцинирани против оваа инфекција, рекоа официјални лица.

Share
Scroll to Top