Авион со 150.000 вакцини од „Астра зенека“ пристигнува во Србија

пред 3 години

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, утре наутро на аеродромот „Никола Тесла“, ќе го пречека авионот кој во Србија ќе достави вакцини од „Астра зенека“.

Како што информираат српските медиуми, авионот се очекува да пристигне во 8 часот наутро.

Вучиќ синоќа рекол дека станува збор за првите 150.000 дози од вакцината на „Астра зенека“.

Тој исто така изјавил дека Србија наскоро ќе биде прва во Европа според процесот на вакцинација, додека сега е прва по бројот на ревакцинирани.

Share
Scroll to Top