Австрискиот координатор за вакцинација се повлече по барање на Аншобер

пред 3 години

Австрискиот министер за здравство Рудолф Аншобер побара повлекување на координаторот за вакцинација Клеменс Мартин Оер, поради грешки при набавката на вакцините, што тој го стори.

Аншобер призна дека неговото министерство згрешило во набавката на вакцините.

Министерот му препорача на Оер да си даде оставка бидејќи не го информирал за можностите за набавка на дополнителни дози вакцини на „Бионтек-Фајзер“, а тој тоа го прифати.

Со тоа, Аншобер реагираше на притисокот на кој беше изложен во изминатите денови, додека беше на боледување.

Тој е обвинет дека министерството се откажало од нарачување дополнителни дози на вакцини.

Поголемиот коалициски партнер, Народната партија (ОВП), побара суспензија на Оер, но Аншобер рече дека неговите грешки не биле доволни за да го смени.

 

Share
Scroll to Top