Активистот за човекови права Осман Кавала осуден на доживотен затвор

пред 3 години

Турскиот суд го осуди на доживотен затвор бизнисменот и борец за човекови права Осман Кавала.

Тој беше прогласен за виновен за обид за соборување на владата преку финансирање на протести низ целата земја во 2013 година.

Кавала (64) е во затвор четири и пол години без пресуда и ги негира обвиненијата против себе и 15 други обвинети за протестите во Гези, кои започнаа како мали демонстрации во паркот во Истанбул и прераснаа во антивладини немири низ земјата, во кои загинаа осум демонстранти, објави „Ројтерс“.

Судот осуди уште неколку обвинети на 18 години затвор, за помагање во обид за соборување на власта. Судот, исто така, соопшти дека одлучил да го ослободи Кавала од обвиненијата за шпионажа поради недостиг на докази.

Share
Scroll to Top