Алжирец осуден на 28 години затвор за напад на полицајци

пред 4 години

Парискиот суд денеска осуди Алжирец на 28 години затвор, за обид за убиство со чекан на полицајци во 2017 година, кои ја чувале катедралата Нотр Дам.

Нападот е окарактеризиран како терористички, а напаѓачот извикувал: „ Ова е за Сирија“.

Нападот на Фарид Икен, сега 43-годишен, пред едно од најпосетуваните француски споменици на културата, се случи по низа напади на исламски екстремисти врз Франција во периодот од 2015 до 2016 година и беше еден од најсилните напади насочени кон силите за безбедност.

Во тој инцидент кај Нотр Дам еден полицаец беше лесно повреден, а напаѓачот го ранија полицајците. Најмалку 600 луѓе беа заробени во катедралата од 12 вект, додека полицијата ги обезбедуваше улиците во близина.

Share
Scroll to Top