Армијата на Мјанмар обезбеди контрола на клучните објекти

пред 3 години

Армиските трупи на Мјанмар поддржани од оклопни возила се распоредени за да ги заштитат владините згради и другите важни објекти во Мјанмар, објави јапонскиот телевизиски канал НХК.

Војската на земјата приведе неколку стотици лица, вклучувајќи ги лидерите и активистите на владејачката партија, Националната лига за демократија (НЛД), имено претседателот Вин Мајнт и државната советничка Аунг Сан Су Кји.

Сите членови на парламентот што ја претставуваат НЛД се приведени во главниот град на Мјанмар, Најпјатау, објави јапонската новинска агенција Кјодо. Според Кјодо, многу членови на семејството на лидерите на НЛД се исто така приведени. Аунг Сан Су Кји е ставена во домашен притвор.

Во понеделникот, армијата на Мјанмар објави замена на 11 членови на кабинетот поврзани со НЛД. На 1 февруари армијата прогласи вонредна состојба во период од една година и ја собори владата, наведувајќи ги како причина изборните измами.

НЛД победи на парламентарните избори во ноември и планираше да започне со формирање на својот кабинет во понеделник.

Share
Scroll to Top