Бајден за новите санкции кон Русија ќе разговара со лидерите на Г7

пред 3 години

Американскиот претседател Џо Бајден најави дека оваа недела ќе разговара со другите лидери на Групата седум најразвиени економии (Г7) за потенцијалните дополнителни санкции против Русија поради нејзината војна во Украина, пренесува Ројтерс.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

– Секогаш сме отворени за дополнителни санкции. „Ќе разговарам со членките на Г7 оваа недела за тоа што ќе правиме“, рече Бајден одговарајќи на прашања на новинарите за плановите на САД, откако Европската унија во средата предложи најстроги санкции против Москва.

Новите мерки предложени од ЕУ вклучуваат шестмесечно ембарго за увоз на руска нафта, санкции против руски банки и забрана за емитување на руските медиуми.

Share
Scroll to Top