Бајден негативен на Kовид-19

пред 4 години

Кандидатот на демократите за претседател на САД, Џо Бајден е негативен на Ковид-19, објави  неговиот изборен штаб.

„Потпретседателот Бајден беше подложен на ПЦР-тестирање на Ковид-19 и вирусот не е беше откриен“, се наведува во соопштението.

Бајден бил во авион со личност за која подоцна било утврдено дека е позитивна на Ковид-19, но тој не бил во близок контакт со неа и нема потреба да оди во карантин, објавија претходно од кампањата на Бајден.

 

 

Share
Scroll to Top