Американскиот претседател Џо Бајден денеска пред новинарите изјави дека „ги држи прстите вкрстени“ и дека се надева дека меѓу ослободените заложници ќе биде и тригодишното американско девојче кое го држат милитантите во Газа.
From pool:
Any update on Gaza hostages?
Biden: “I’m not prepared to give an update until it’s done”
Will three year old US girl be among those released initially?
Biden: “I’m keeping my fingers crossed”— Barak Ravid (@BarakRavid) November 23, 2023
„Ќе можам да зборувам за тоа утре. Не можам да дадам никакви информации додека не се заврши“, рече тој.
Кога новинарите го прашаа за Абигејл Едан, тригодишната заложничка, тој рече: „Ги држам прстите вкрстени“.
Текстот Бајден: Се надевам дека и американското девојче ќе биде ослободено е превземен од МАКФАКС.