Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска очекува продуктивна средба со кинескиот претседател Шји Џјинпинг, а советниците на двајцата лидери ќе ги остават отворени линиите на комуникација по разговорите за време на самитот, соопшти Белата куќа.
„Сите очекуваме ова да биде продуктивна дискусија денес и се надеваме дека ќе биде претходник на многу поголема комуникација и дијалог меѓу нашите два тима во иднина“, изјави портпаролот на Белата куќа Џон Кирби за новинарите пред средбата, пренесе Ројтерс.
Белата куќа соопшти дека за време на средбата со Шји, Бајден ќе изрази загриженост за почитувањето на човековите права и Ујгурите.
Шји пристигна во Сан Франциско за да учествува на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC) и да се сретне со Бајден.
Тоа е прва посета на Шји на Америка од 2017 година, кога американски претседател беше Доналд Трамп, и прва билатерална средба меѓу двајцата претседатели по една година, пренесува Танјуг.
Текстот Белата куќа: Бајден очекува продуктивна средба со кинескиот претседател е превземен од МАКФАКС.