Белата куќа: Не гледаме причина за промена на нивото на нуклеарна подготвеност

пред 2 години

Соединетите Американски Држави во овој момент не гледаат причина да го променат нивото на нуклеарна подготвеност, соопшти Белата куќа откако рускиот претседател Владимир Путин ги стави нуклеарните сили на борбена готовност во услови на серија санкции од Западот поради инвазијата на Москва на Украина.

„Не ги сменивме нашите предупредувања и не ја сменивме нашата оценка во овој поглед, но мора да бидеме многу внимателни за нејзиното реализирање на заканите“ – изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки во интервју за американски медиуми.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го известил Путин дека неговата наредба да се стават силите за одвраќање во борбена готовност е извршена. Силите за одвраќање се единици кои треба да го обесхрабрат нападот врз Русија, вклучително и војна што би подразбирала употреба на нуклеарно оружје, соопшти Министерството за одбрана.

Медиумите анализираат дека Русија ги има најголемите резерви на нуклеарно оружје во светот, но исто така, како што пишуваат, знае дека НАТО има доволно истите да ги уништи.

Share
Scroll to Top