Белорусија пренасочи патнички авион за да уапси опозициски активисти, ЕУ реагира

пред 3 години

Европската Унија бараат итно објаснување од Белорусија за пренасочување на комерцијален лет кон Минск, каде властите го уапсија белорускиот опозициски активист и новинар, Раман Пратасевич.

Литванскиот претседател Гитанас Науседа изјави дека комерцијалниот лет бил насилно принуден на слетување и рече дека меѓународната заедница мора да преземе итни чекори за вакво нешто да не се повтори.

Науседа побара од Белорусија да го ослободи Проташевич.

„Ги повикувам сојузниците на НАТО и ЕУ веднаш да одговорат на заканата што ја претставува белорускиот режим за меѓународните цивилни летови. Меѓународната заедница мора да преземе итни чекори за да спречи тоа да се повтори“, истакна Науседа.

Тој додаде дека планира го покрене тоа прашање на утрешниот самит на Европска Унија.

Пратасевич бил приведен од полицијата кратко откако летот на Рајанер, кој беше на закажаната рута од Атина до Вилнус, слета во белоруската престолнина. „Рајанер“ соопшти дека нејзиниот екипаж бил известен од Белорусија за потенцијална закана за безбедноста во авионот и им било укажано да се пренасочат кон најблискиот аеродром, Минск.

Авиокомпанијата соопшти дека авионот безбедно слетал и патниците биле растоварени додека завршиле безбедносните проверки од локалните власти.

Повик за ослободување на сите патници од летот на Рајанер и осуда за чинот, упати официјална Атина, преку соопштение од Министерството за надворешни работи, но и преку твитот на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Европска Унија  побара на сите патници веднаш да им биде дозволено да го продолжат патувањето.

„Сите патници мора да имаат можност да го продолжат летот кон Вилнус веднаш и да им се обезбеди сигурност. Недозволиво е секое кршење на меѓународниот воздушен сообраќај“, напиша на Твитер претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен.

 

Share
Scroll to Top