Во Шкотска, во областа Аргиле и островот Бут, беспилотни летала се користат за прв пат во Велика Британија да носат примероци и тестови за Ковид-19 и друг медицински материјал, пренесува „Би-би-си“.
„Би-би-си“ наведува дека по тестирањето во текот на минатата година, овој проект е проширен, а медицинскиот товар сега се транспортира на растојание од 64 километри и дека персоналот на Националната здравствена служба (НХС) има на на располагање и испорака со беспилотни летала, прва од ваков вид во Велика Британија.
Беспилотните летала можат да носат товар до три килограми и да ги поминуваат растојанијата побрзо отколку по патен или воден сообраќај во тој дел на Шкотска, а операторот на беспилотното летало „Скајпортс“ доби дозвола од Агенцијата за цивилно воздухопловство за овие летови, пренесува „Би-би-си“.