Бирмингем ќе произведува струја од фрлените новогодишни елки

пред 2 години

Градскиот совет на Бирмингем во Велика Британија почна со рециклирање на новогодишни елки, претворајќи ги отфрлените дрвја во обновлива електрична енергија.

Бесплатната услуга ќе биде достапна до 31 јануари, пренесува порталот bioenergy-news.com.

Сите собрани дрвја ќе бидат задржани за производство на енергија од биомаса.

„Задоволни сме што можеме да ја понудиме нашата бесплатна услуга за одговорно отстранување на несаканите новогодишни елки“, рече советникот Џон О’Ши, член на Кабинетот за улични паркови во Градскиот совет на Бирмингем.

„Не е најлесно да се ослободите од нив, затоа им даваме на луѓето едноставна опција наместо да ги фрлаат да ги рециклираат“, додаде тој.

Местата за складирање на новогодишни елки може да се најдат во градските паркови и се отворени од 9 до 16 часот.

Share
Scroll to Top