Поддржувачите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп користат вештачка интелигенција за да генерираат лажни фотографии на гласачи, кои наводно го поддржуваат Трамп и ги споделуваат на социјалните мрежи за да ги охрабрат Афроамериканците да гласаат за републиканците на претстојните претседателски избори, пишува Би-би-си.
Медиумот тврди дека открил десетици лажни фотографии на кои се гледа како Афроамериканците му даваат поддршка на поранешниот претседател, но додава дека засега нема докази што директно ги поврзуваат фотографиите со кампањата на Трамп.

Коосновачот на „Блек вотерс метер“ рече дека лажните фотографии на Трамп опкружен со поддржувачи од афроамериканската заедница поттикнаа стратешки наратив дизајниран да покаже дека Трамп е популарен кај нив.
Фотографиите генерирани од вештачката интелигенција откриени од Би-би-си се чини дека се создадени и споделени од гласачи, поддржувачи на републиканците, наведува Би-би-си, додавајќи дека меѓу нив е Марк Кеј и неговиот тим, кои водат радиоемисија на конзервативна радиостаница на Флорида.
Тие направија фотографија од насмеаниот Трамп опкружен со Афроамериканци и ја споделија на фејсбук-профилот на Марк Кеј, кој има повеќе од милион следбеници, јавува Би-би-си“.
Текстот Би-би-си: Се појавија лажни фотографии од Трамп помеѓу Афроамериканци за да привлече гласачи од заедницата е превземен од МАКФАКС.






