Борел: Агресијата против Украина би имала огромни последици

пред 3 години

Русија ќе се соочи со огромни последици поради воената ескалација во источна Украина, изјави денеска за новинарите високиот претставник на Европската унија за надворешни работи.

Борел денеска пристигна во Украина за да изрази поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата.

„Конфликтот на границите е на работ на продлабочување, а тензиите се акумулираат во однос на европската безбедност во целина“, истакна високиот претставник на ЕУ Борел – пренесува Ројтерс.

ЕУ има силна позиција и силно верување „дека секоја воена агресија против Украина ќе има огромни последици и големи трошоци“, посочи тој.

Борел и шефот на украинската дипломатија Дмитриј Кулеба планираат да ја посетат линијата на одвојување во регионот на Луганск со цел да ја видат ситуацијата во зоната на конфликтот.

Share
Scroll to Top