Борел: Воведувањето дополнителни санкции на ЕУ кон Русија е опција

пред 2 години

Шефот на ЕУ за надворешни работи денеска изјави дека постои опција за воведување дополнителни санкции на Европската унија кон Русија.

Борел рече дека одговарајќи на прашањето дали ЕУ е подготвена да го разгледа руското нафтено ембарго како одговор на руската воена операција во Украина.

„Санкциите се секогаш на маса“, им рече тој на новинарите пред состанокот со министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург, пренесува Ројтерс.

Тој додаде дека министрите ќе разговараат кои се следните чекори.

Share
Scroll to Top