Борис Џонсон заврши во болница, имаше операција

пред 3 години

Британскиот премиер Борис Џонсон закрепнува по мала операција на носот, објави Даунинг стрит.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Операцијата беше кратка и под општа анестезија, се додава во соопштението.

Додека Џонсон не се врати на работа во вторник, сите важни одлуки ќе ги носи неговиот заменик Доминик Раб.

Портпаролот на Џонсон изјави дека премиерот во шест часот утринава бил примен во болницата во Лондон на рутинска процедура поради проблеми со синусите.

„ Тој се врати на Даунинг стрит кратко по 10 часот“ , додаде портпаролот, пренесува Sky News.

Раб „за тоа знаел однапред“, а информиран е и секретарот на кабинетот Сајмон Кејс, соопшти улицата Дауниг.

Операцијата била закажана веќе некое време.