Британска студија: Заштитата со „Фајзер“ и „Астразенека“ почнува да паѓа по пет-шест месеци

пред 3 години

Заштитата од коронавирус по примени две дози од вакцините на „Фајзер“ и „Астразенека“ почнува да опаѓа во рок од шест месеци, утврдија британските научници.

По пет до шест месеци, ефективноста на вакцината на „Фајзер“ паѓа од 88 на 74 проценти, покажува британската студија ZOE COVID, објави Би-би-си.

Ефективноста на вакцината на „Астразенека“ се намалува од 77 на 67 проценти по четири до пет месеци.

Истражувањето се базира на податоци добиени од повеќе од 1,2 милиони тестови.

Претходните анализи на податоците сугерираа дека вакцините обезбедуваат заштита најмалку шест месеци.

„Во најлош случај, заштитата може да падне под 50 проценти за постарите луѓе и здравствените работници“, вели водечкиот научник во таа студија Тим Спектор.

„Ова покажува дека треба да се направи нешто. Не можеме само смирено да гледаме како заштитата полека опаѓа, додека бројот на новозаразени е сѐ уште висок“, рече тој за Би-би-си.

Share
Scroll to Top