Британски министер за здравство: Погрешно одговоривме на пандемијата, владата ја научи лекцијата

пред 3 години

Беа направени грешки во првичниот одговор на пандемијата на коронавирус, изјави британскиот министер за здравство Мет Хенкок, додавајќи дека ќе има време да се анализира одговорот на владата.

„Активно признавме дека работите не се добри. Еден пример за тоа е кога на почетокот мислевме дека овој вирус не се пренесува ако немате никакви симптоми“, изјави Хенкок за радио „Би-би-си“.

Тој додаде дека владата во Лондон веќе ја научила лекцијата од работи што не поминале како што треба, пренесува „Ројтерс“.

„Ќе има време сите да размислат и ќе се спроведе истрага за да се разгледа сето ова во целина“, додаде министерот.

Share
Scroll to Top